Поврзете се со нас

Олимписки игри

Начевски и Николов ги делеа големите ракометни ѕвезди, Карабатиќ нервозен: Ова е неспортско однесување (Видео)

Објавено

на

Норвешка успеа да ја победи Франција и се пласираше во главната рунда на олимпискиот ракометен турнир, натпревар кој донесе непотребна тензија на крајот поради постапките на норвешките тренери и нервозните француски играчи.

Кристијан Берге побара тајм-аут на 20-тина секунди пред крајот при водство од два разлика на Норвежаните, па во последниот напад, Сагосен беше жестоко фаулиран и тука настана поголема мешаница на теренот, во која се вметнаа и македонските судии.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов имаа извонредна арбитража на средбата која заврши 32:29, но на крајот мораа да бидат и миротворци и да ги делат ракометарите имаа блиски средби.

На крајот, ситуацијата успеа да се смири, но тензијата продолжи и во микс-зоната каде Никола Карабатиќ му замери на помошникот на Берге за неспортскиот тајм-аут кога е решен победникот.

– Тоа што го направија е неспортско однесување. Само му нагласив дека не е во ред тоа што го направија, иако знам дека тој не е оној кој одлучува, бидејќи не е главен тренер, – порача Карабатиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни