Поврзете се со нас

НБА

На сред натпревар: Вестбрук влезе во конфликт со братот на ѕвездата на Лејкерс, навивачот мораше да ја напушти арената (ВИДЕО)

Објавено

на

Дуелот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс заврши со победа и доминација на „езерџиите“ кои на овој начин обезбедија пласман во финалето на западната конференција.

На „ракетите“ ништо не им одеше од рака особено на еден од главните играчи Расел Вестбрук кој беше нервозен и во еден момент дури се фати и со публиката во „меурот“ во Флорида, односно со дел од семејствата на играчите.

Во случајот тоа беше со братот на плејмејкерот Ражон Рондо, Вилијам кој е задолжен за фризурите, маникирот, плетенките за коса на играчите.

Вилијам наводно му порачал на Вестбрук дека е ѓубре, а на тоа реагираше Рас кој пак претходно имаше дуели со Рондо.

-Луѓето на мечевите треба да ги затворат устите и ја гледааат средбата. Тоа се правилата, особено кога имате семејства и луѓе. Очигледно претпоставувам затоа што Рондо зборуваше… [Вилијам] одлучи и тој да му се приклучи. Но, тоа е во ред. Мислам, сè е добро, го разбирам. Тој сакаше да застане во одбрана на брат му. Но, тие правила важат за сите, без оглед за тоа кој е – семејство, без оглед, -истакна Вестбрук.

Плејмејкерот на Лејкерс се надева дека неговиот брат нема дополнително да биде санкционира, односно дека исклучувањето од натпреварот, напуштањето на трибините ќе биде единствената казна.

-Не направи ништо лудо. Тој го нарече човекот „ѓубре“. Навивачите го прават она што го прават навивачите. Тој пред се е мој брат. Не направи ништо непочитувачко, -рече Рондо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни