Поврзете се со нас

Шпанија

На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)

Објавено

на

Чави Ернандес беше максимално енергичен и гласен додека беше капитен на Барселона, но легендарниот играч за врска останува ист и како актуелен тренер на првиот тим на каталонскиот гигант.

Темпераментниот Чави постојано е во комуникација со своите фудбалери и со точни инструкции се обидува да го извлече најдоброто од нив, но всушност тој е до толку активен крај аут линијата, што понекогаш знае да биде и досаден.

Ваквото негово однесување често му носи проблеми со судиите, па јавните опомени со жолти картони и не се така ретка слика кога е во прашање тренерот на Барса.

Чави заработи жолт картон и на дербито со Атлетико Мадрид, а откако се случило тоа, Чоло Симеоне имал интересна порака до четвртиот судија кој се обидувал да го смири Ернандес.

– Мораш да го опоменеш, инаку не си ја затнува устата. Остави го, не си ја затнува устата овој господин, – со насмевка порача Симеоне, а шегата добро ја прифати и Чави кој сепак беше оној кој последен се смееше на последното дерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни