На шампионското славје во Билбао за прв пат ќе има натпревари во двете конкуренции

Photographer Credit:
Dean Treml/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Dean Treml/Red Bull Content Pool

Уметноста на скоковите од карпи се враќа во баскискиот град Билбао, за да ги круниса шампионите од светската серија Red Bull Cliff Diving, но ова натпреварување ќе биде посебно поради фактот дека жените премиерно настапуваат во Шпанија.

Иако титулите во генералниот пласман беа осигурани на претпоследната станинца во Босна и Херцеговина, притисокот е голем и кај мажите и кај жените, зашто само најдобрите спортисти ќе добијат место во 2020 година, на последните естетски слободни падови од 27 метри оваа година. Рекордерите – шампиони Гери Хант од Велика Британија и Австралијанката Ријана Ифланд, имаат свои амбициозни цели поставени за последната пресметка пред препознатливиот музеј „Гугенхајм“ во Билбао, кога жените за првпат ќе ја покажат својата грациозна уметност пред илјадниците ревносни фанови покрај реката Нервион.

Откако имаше уште еден настап кој го урна рекордот од стариот мост во Мостар, женската шампионка Ифланд цели кон совршена сезона со последователни победи, додека „брилијантниот Британец“ е подготвен за одмазда од мостот „Ла Салве“, место каде што не успеа да победи на претходните два настапи.

– Оваа серија отсекогаш била со најдобрите нуркачи од светот. Морате да бидете постојани цели време,- објасни 35-годишниот велемајстор во скокови од карпи, „Константин Поповичи и јас бевме еден спрема еден, кога тој се повреди. Сега тој има две, односно една повеќе, па јас треба да се потрудам, и ќе се обидам да го изедначам резултатот во Билбао,- вели Хант за романскиот конкурент.

Спомнатиот Константин Поповичи после повредата се врати со победа, со второ совршено нуркање во историјата на претходната станица кога вториот успех во сезоната го врати Романецот во борба за билет за влез во сезоната 2020.

Хант ќе има дополнителна поддршка зашто нуркачите со вајлд-карта, Овен Вејмаут и Ејдан Хеслоп – најмладите кои влегле нкако натпреварувачи во светската серија,  ќе бидат меѓу петтемина од Тимот Велика Британија, заедно со поранешниот олимпиец, Блејк Олдриџ, како и 26-годишната Џесика Маколи во женска конкуренција. Таа ќе се обиде да го одбрани своето второ место во финалето од сезоната од Белорусинката Јана Несцијарава и Канаѓанката Лисејн Ричард, кои демнат од третото и четвртото место со само 10 бода разлика една од друга.

Во машкото натпреварување, Џонатан Паредес од Мексико е на прилично цврстото второ место, додека Американецот Енди Џонс има за цел да го повтори своето трето место во генералниот пласман од 2016 година, кога ја затвори сезоната со неговата дебитантска победа пред блицовите во Дубаи.

Во светското рангирање, каде спаѓаат Светскиот куп ФИНА и Светскиот шампионат, покрај натпреварите во светската серија, најдобрите осум спортисти ќе си обезбедат место во следната сезона. Како што се очекуваше, многу таленти се борат за влез во светската серија и четири натпреварувачи со вајлд-карти, три кај жените и еден кај мажите, имаат шанса за билет на 21 и 27 метри.

По огромниот успех на последната пресметка во 2015 година, мостот Ла Салве во Билбао уште еднаш ќе биде домаќин на светската серија Red Bull Cliff Diving која се движи кон својата возбудлива и емотивна кулминација, кога легендата на нуркањето од карпи Орландо Дуке од Колумбија ќе ја заврши својата многу успешна натпреварувачка кариера на последната станица за оваа година.

За повеќе информации и новости, посетете ја веб-страницата www.redbullcliffdiving.com.

Следете го во живо ова натпреварување на 14 септември од 18 часот попладне по средноевропско време на www.redbullcliffdiving.com , Red Bull TV, Facebook и Youtube. Red Bull TV е достапна на сите конектирани ТВ, играчки конзоли, мобилни уреди и др. Дознајте повеќе на about.redbull.tv

Photographer Credit: Romina Amato/Red Bull Content Pool
Photographer Credit:
Romina Amato/Red Bull Content Pool

Пласман (по 6 од 7 натпревари)

Мажи: 1. Гери Хант (Велика Британија) 960 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 590 поени, 3. Енди Џонс (САД), 450 поени, Михал Навратил (Чешка) 410 поени, 5. Константин Поповичи (Романија) 360 поени.

Жени: 1. Ријана Ифланд (Австралија) 1000 поени, 2. Џесика Макалеј (Велика Британија) 540 поени, 3. Јана Нестсиарава (Белорусија) 510 поени, 4. Лисејн Ричард (Канада) 500 поени, 5. Еленор Таунсенд Смарт (САД) 450 поени.

 

Facebook Коментари