Поврзете се со нас

Англија

На повидок голема размена меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед во финишот на преодниот рок

Објавено

на

Што ќе се случи со Рахим Стерлинг на крајот?

Јасно е дека тој не е во плановите на Енцо Мареска, но огромната плата го спречува да го напушти островот. Заинтересиран беше Јувентус, но не можат да си дозволат да му платат повеќе од 15 милиони евра.

Се споменуваа различни клубови, но шокот може да се случи на самиот крај од преодниот рок.

Како што пишуваат медиумите во Англија, Рахим Стерлинг би сакал да се пресели во Манчестер Јунајтед. Од друга страна, Санчо би заминал во Лондон, со што би ги ослободил двата тима од непосакуваните играчи, а во исто време би добиле звучни имиња и потенцијално значајни засилување.

Секако дека Санчо е поскап, бидејќи е помлад, но како и да е, се чини дека нема иднина за него на „Олд Трафорд“.

Стерлинг нема никаков проблем бидејќи седум години играше за градскиот ривал Сити, на крајот на краиштата, го носеше и дресот на Ливерпул, кој е уште поголем ривал на „ѓаволите“ од „граѓаните“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни