Поврзете се со нас

Шпанија

На потег е Анчелоти: Играч на Реал побарал да си замине во завршницата од преодниот рок

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти пред неколку дена порача дека трансфер пазарот е завршен за сите негови играчи од првиот тим, со тоа што надополни дека посакува само решавања на ситуацијата со Бразилецот Реинер, кој во моментов е пријавен како член на вториот тим на „кралскиот клуб“.

Италијанецот го советуваше Реинер да си пронајде атрактивен клуб во кој редовно ќе добива минутажа, но ако таа тема не е толку важна за функционирањето на првиот тим, оваа која се активираше денеска може да предизвика и неочекувано движење од страна на Флорентино Перез.

Иако планот беше да нема промени во последните часови од трансфер пазарот, Реал Мадрид може да се најде во ситуација да купува нов играч, откако Дани Себалјос лично побарал од Италијанецот да му ја отвори вратата за заминување.

Играчот за врска дефинитивно не е во прв план и добива симболична минутажа веќе неколку сезони, а причината за побараниот трансфер се крие и во одлуката на Бетис да го продаде Набил Фекир.

Себалјос гледа шанса за редовна минутажа во својот матичен клуб и затоа побарал враќање на „Бенито Виламарин“, опција која во моментов изгледа остварлива и покрај тоа што Реал не планира да го пушти Дани по секоја цена.

„Марка“ тврди дека Флорентино Перез нема да му ја затвори вратата, но ќе го пушти само за сума од 20 милиони евра. Доколку тоа биде остварено од страна на Бетис, аргументи за друго сценарио ќе му недостасуваат и на Карло Анчелоти, кој и претходно ова лето имаше неуспешен обид да го задржи Начо.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни