Поврзете се со нас

Англија

На „Олд Трафорд“ на трибините ќе има специјална порака, дел од столчињата ќе биде исполнет и со… (Видео)

Објавено

на

„Олд Трафорд“ вечерва за прв пат ќе биде во едно поинакво, може да се каже и тажно светло.

Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на Шефилд Јунајтед, а еден од најлегендарните стадиони ќе зјае празен.

Од клубот се одлучија огромниот празен простор да го искористат за да упатат една порака до оние кои се херои на модерното време, а тоа се медицинските лица кои секојдневно се борат со коронавирусот.

Токму затоа, на главната трибина ќе стои порака: „Обединети за хероите“, а на останатите трибини ќе има фотографии од дел од фановите кои поседуваат сезонски влезници.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер Јунајтед и Шефилд Јунајтед ќе се игра со почеток во 19:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни