Поврзете се со нас

Италија

На Јувентус не му оди без Роналдо: Аталанта ги среди „бјанконерите“ и ги мина на прволигашката табела (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Аталанта славеа над Јувентус со 1-0 во дерби средбата во попладневниот термин во Серија А.

Клубот од Бергамо успеа да ја добие битката на двете екипи кои се борат за Топ 4 пласман, односно место во Лигата на шампионите во наредната сезона. Клучниот момент се случи во 87 минута кога резервистот Малиновски ја смести топката во мрежата на „бјанконерите“.

Ова за Аталанта е прва победа против Јувентус во шампионатот по 2001 година, односно по 33 натпревари. Со истата дојде до 64 бода и со тоа ги мина избраниците на Пирло на прволигашката табела (62).

Да посетиме клубот од Торино не можеше да смета на услугите на својот најдобар играч Кристијано Роналдо кој е повреден, а кога тој е отсутен секогаш има проблеми и најдобар доказ за тоа се само двете победи во седумте мечеви во актуелнава сезона.

На останатите битки во овој термин, Лацио во еден супер ефикасен, возбудлив меч беше подобар од Беневенто со 5-3, додека Болоња на Синиша Мијаловиќ беше подобра од Специја (4-1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни