Поврзете се со нас

Италија

На Ибра не му се допадна ставот на новото засилување, па реши да го поправи на официјалниот прес (Видео)

Објавено

на

Ворен Бондо и Рикардо Сотил вчера доживеаја официјална промоција како играчи на Милан, а од одработената прес-конференција, посебно внимание привлече еден детаљ.

Како главен директор кој беше задолжен за сите пет трансфери во зимскиот преоден рок, Златан Ибрахимовиќ се појави на секоја презентација, а на последниот прес стана вирален со една реакција во свој стил.

Шведската легенда не беше импресионирана од ставот кој го имаше Ворен Бондо, па самиот реши да го коригира седењето на новиот фудбалер.

Ибра со својата реакција успеа да ги насмее присутните новинари, но изнуди насмевка и од новото зимско засилување.

Бондо пристигна на „Сан Сиро“ од редовите на Монца, при што стави потпис на четири иполгодишен договор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни