Поврзете се со нас

АТП

На чекор до нов рекорд: Ѓоковиќ обезбеди финале во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ обезбеди билет за утрешното финале на АТП Мастерсот во Рим.

Ова за Ноле ќе биде десетто финале во италијанската престолнина, а до истото стигна со победата над Каспер Руд од Норвешка со 2-0 во сетови со 7-5 и 6-3. Ѓоковиќ спаси две сет топки во првиот сет и испука 12 асови со што дојде до бројката од 10-1 во полуфиналните соочувања во Рим.

Српскиот рекет за противник во битката за титулата ќе го има подобриот од мечот Диего Шварцман-Денис Шаповалов. Во случај да слави во истото тогаш Новак ќе постави нов рекорд по бројот на освоени Мастер титули од серијата 1000, односно повеќе нема да биде израмнет со Рафаел Надал (35)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни