На Џерард му се испушти дека ѕвезда на Ливерпул ќе си замине на крајот на сезоната

gerrard1

Легендата на Ливерпул Стивен Џерард како да потврди дека неговиот поранешен клуб нема да може да задржи еден од своите играчи во летниот преоден рок.

Станува збор за германскиот репрезентативец Емре Чан, кому договорот му истекува на крајот од сезоната, а најзаинтересиран за него е италијанскиот шампион Јувентус.

– Ќе видиме што ќе се случи. Емре Чан си заминува, но Наби Кеита доаѓа – кажа Џерард додека беше гостин на „БТ Спорт“ за натпреварот на Ливерпул со Порто во Лигата на шампиони.

Facebook Коментари