На Дибала не му здодевно повреден: Напаѓачот на Јувентус ѕвезда на модна ревија на Долче и Габана (Видео)

Dibala-golche

Пауло Дибала ја промени професијата, но само на еден ден.

Напаѓачот на Јувентус, кој се уште се опоравува од повредата што ја претрпе на дуелот со Калјари, беше специјален гостин на модната ревија на Долче и Габана. Аргентинецот се прошета по модната писта во најнова креација и видеото стана популарно на социјалните мрежи во Италија.

Додека се подготвува да се врати на терените, очигледно дека на ѕвездата на Јувентус ѝ е дозволено да прави и други работи освен физиотерапија.

Facebook Коментари