Поврзете се со нас

Шпанија

На денешен ден пред 15 години започна се: Лео Меси за четири минути изведе две мајстории и го постигна првенецот за Барса

Објавено

на

Меси во богатата кариера во која го носеше дресот само на Барселона успеа да постигне вкупно 627 погодоци. Првиот од нив се случи токму на денешен ден пред точно 15 години.

На 1 мај, 2005 година Барселона играше против Албасете, а тогаш 17 годишниот Меси ги доби завршните моменти од тој натпревар.

Франк Рајкард го замени Самуел Ето со голобрадото момче, со број 30 на грбот, кое  веднаш покажа дека ќе биде идна ѕвезда на клубот. Раул Валбуена беше првиот голман кој беше „жртва“ на големиот Меси.

Меси два пати го совлада Валбуена, и на двата пати на идентичен начин, по идентична асистенција на Роналдињо. Сепак, првиот погодок беше поништен поради непостоечки офсајд, но вториот беше признаен и од тука започна историјата наречена „Лионел Меси“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни