Поврзете се со нас

Шпанија

На Барселона и биле понудени двајца супер напаѓачи, Роналд Куман одбил да ги ангажира

Објавено

на

blank

Барселона и официјално остана без услугите на Луис Суарез кој на инсистирање на тренерот, Роналд Куман си замина од тимот и направи трансфер во тимот на Атлетико Мадрид.

Сега медиумите во Шпанија јавуваат дека каталонскиот клуб веројатно ќе донесе замена за Суарез затоа што немаат така квалитетно решение за врвот на нападот, освен Антоан Гризман кој може да игра како напаѓач.

Долго време се шпекулираше дека Барселона е фаворит за ангажман на Лаутаро Мартинез од Интер, но до ваков трансфер веројатно нема да дојде.

Младиот аргентински напаѓач ќе го продолжи договорот со италијанскиот клуб и дефинитивно нема да се пресели на „Камп Ноу“ ова лето.

„Мундо Депортиво“ пишува дека на Барселона и бил понуден Единсон Кавани кој во моментов е слободен агент и кој се уште бара решение за својата иднина.

Освен Кавани, на Барселона бил понуден и Един Џеко, меѓутоа Босанецот не е интересен за Роналд Куман кој дефинитивно доколку купува напаѓач, ќе купи некој помлад кој подолг период ќе може да го носи дресот на клбуот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни