Поврзете се со нас

Лига на шампиони

На барање на Вардар одложен натпреварот со ПИК Сегед во Лигата на шампионите

Објавено

на

Ракометарите на Вардар на 22 декември требаше да гостуваат во Унгарија во натпревар кај ПИК Сегед кој претходно беше одложен поради проблеми со коронавирусот.

И презакажаниот натпревар повторно е одложен по барање на нашиот тим кој се уште се соочува со големи проблеми предизвикани од опасниот вирус.

Во „црвено- црниот“ табор се уште има позитивни случаи на вирусот, а ракометарите се уште не се започнати со целосни тренинзи, по што беше побарано одложување на средбата.

На барањето е излезено во пресрет, па натпреварот со унгарскиот тим повторно ќе биде презакажан и истиот веројатно ќе се одржи по завршувањето на Светското првенство кое на средината на јануари ќе започне во Египет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни