Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ загуби од Левски на вториот тест во Скопје

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа пораз од Левски Лукоил (88-90) во вториот тест во СЦ „Јане Сандански“.

Вчера „штрковите“ го суредија бугарскиот состав со 20 разлика (94-74), меѓутоа денеска ситуацијата беше поинаква на теренот, гостите од Софија се прикажаа во далеку подобро издание и се изборија за славје против актуелниот македонски шампион.

Тренерот Ѓорѓи Кочов рамномерни ја распореди минутажата во тимот, најдобар беше Бојиќ со 20 поени и седум скокови, а двоцифрени беа уште Гочер (12), Магдевски, Стојановски, Николов (11 поени) и Крстевски (10 поени).

Како вчера така и денес кај МЗТ поради повреди не настапија Андреј Маслинко и Адем Мекиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни