Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ врза втора победа по ред во АБА2 лигата

Објавено

на

МЗТ Скопје стигна до втората победа на турнирот на Златибор во рамките на АБА2 лигата, а вечерва беше совладан Широки со резултат 90:83.

Македонскиот претставник имаше водство во најголем дел од натпреварот, на моменти и двоцифрена предност, па сосема заслужено стигна до двата бода и тоа со седум поени разлика.

Олуџоби со 24 и Стојановски со 15 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ, а кај Широки најдобар реализатор беше Буљевиќ со 20 поени.

По три рунди, МЗТ Скопје има две победи и еден пораз, а последниот четврти натпревар ќе го игра против Борац на 18. ноември.

Утре својот последен дуел ќе го одигра нашиот втор претставник Работнички, противник му е тимот на Младост, а на оваа средба влегува со ист ефект како скопскиот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни