Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ во трилер завршница го скрши Широки, Аеродром слави влез во АБА лигата!

Објавено

на

МЗТ СКопје го диктираше темпото речиси цел натпревар против Широки Бријег, но на крајот дозволи полуфиналето да влезе во драматична завршница, па со трилер се избори за уште послатка победа и директен влез во првата АБА лига.

Македонскиот претставник кој е домаќин на завршниот турнир ќе игра во големото финале, а иако тоа требаше да биде последна станица за влез во првата лига, еден час пред полуфиналето пристигна услуга од Златибор. Српскиот тим ја изненади Бања Лука и му направи џиновска услуга на МЗТ, на кој му требаше само пласман во финалето за да обезбеди виза за АБА лигата.

Истата дојде речиси три часа подоцна, откако во френетична атмосфера во „Јане Сандански“ избраниците на Петровиќ ја преживеаја првата четвртина во која влегоа со грч и која ја загубија со 19:20, а потоа стигнаа и до заслужена победа која има голема тежина.

МЗТ возврати во вториот период и замина со предност на полувреме од 44:39, што беше добра препорака за возбудливо второ полувреме, кое и го добивме.

Широки минимално ја доби третата четвртина со 16:17 и во последните секунди од мечот дојде на само еден напад од израмнување или водство, но домаќините не дозволија такво нешто и со две слободни фрлања на Војдан Стојановски беа поставени конечните 75:71.

МЗТ во финалето ќе игра против Златибор, но „Фемили“ кои воодушевија во салата и сите кошаркарски фанови во Аеродром веќе започнаа со прославата на влез во АБА лигата по пауза од четири години.

Последните поени ги постигна Војдан, а неговиот брат Дамјан беше најефикасен во победата со 17 поени, Дејвис го следеше со 14, а Рикиќ уфрли 10. Билиновац беше најефикасен во противничкиот тим со 20 поени, а воедно и на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни