Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ влезе во шампионски ритам, Пелистер продолжи да тоне во 2025. година

Објавено

на

МЗТ Скопје влезе во шампионски ритам и денеска ја запиша седмата последователна победа во Првата лига, а што е уште поважно, „металците“ му се реваншираа на тимот од кој претрпеа болен пораз.

Чаир направи огромен подвиг на почетокот на месец ноември и после продолжение го победи македонскиот првак, кој денеска наплати со камата и славеше навистина лесна победа.

Уште по 20 минути игра стана јасно дека бодовите ќе ги освои домашниот тим, кој на полувреме веќе водеше со 52:31. Вториот дел беше чиста рутина и МЗТ лесно го приведе мечот до крај, па така запиша седми триумф во низа со резултат 86:74.

Оваа серија направи МЗТ да се искачи на првото место на табелата со три бода повеќе од Работнички, а од денеска на делба на втората позиција е Кожув.

Гевгелискиот тим по пауза од пет години го победи Пелистер на домашен терен, и тоа му нанесе тежок пораз со резултат 91:73.

Пелистер продолжува со вртоглавиот пад на стартот на 2025-та година и сега падна на шестото место, но посебно загрижува формата која вели дека „зелено-белите“ претрпеа три порази на последните четири меча.

Денеска убедлив триумф запиша и Работнички, кој на домашен терен немаше никакви проблеми против Вардар со 112:73.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни