МЗТ со тешка победа над Кожув ја започна одбраната на титулата

MZT-Sloboda

Кошаркарите на МЗТ Скопје со тешка победа над Кожув од 78-76 ја започнаа одбраната на титулата во домашниот шампионат.

Дуелот во Гевгелија беше неизвесен, двата состави имаа свои минути, свои четвртини, па така решеваа нијанси или во случајот клучна беше подобрата игра на „металците“ во завршниот период. Четата на Кочов со 18-13 се избори за пресврт и славје во салата „25 Април“.

Омот со 18 поени беше прв стрелец, додека Крстевски забележа дабл-дабл од 16 кошеви и 10 скокови. Кај домаќините Пејн даде 16, Караџовски 15, а Трајковски 13 кошеви.

Победи во првата рунда остварија и Гостивар над ФМП Академија (95-75), Еуро Никел против Вардар (92-82) и Куманово во дуелот со Пелистер (84-79).

Facebook Коментари