Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ стопи голема негатива, но не успеа да го победи Златибор

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да триумфираат на завршниот турнир на АБА2 лигата, откако вечерва на домашен терен се поразени од Златибор со 78:73 по продолжение.

МЗТ одигра катастрофална прв четвртина која противникот ја доби со 31:11, а Златибор имаше одлични плус 14 на полувремето.

Сепак, македонскиот претставник се разбуди во вториот дел, успеа да се врати во натпреварот, па и да промаши шут за победа во завршницата.

Златибор ги доби дополнителните пет минути со 6:1 и на тој начин победи во финалето на завршниот турнир во Скопје.

Војдан Стојановски со 14 и Дејвис со 12 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ, додека најдобар реализатор на теренот беше Кутлешиќ со 33 поени.

Покрај поразот во финалето, МЗТ веќе обезбеди пласман во првата АБА лига следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни