Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ со „стотка“ ја отвори новата 2021. година, Вардар настрада на „Кале“

Објавено

на

По мини паузата која беше планирана за новогодишните и божиќните празници, кошаркарските возбудувања во Првата лига продолжија вечерва на „Кале“, каде МЗТ Скопје во секоја смисла на зборот ја оправда фаворитската улога во дуелот со домашниот Вардар.

Тимот од Аеродром беше подзаспан на почетокот и Вардар тргна со серија од 7:0, а иако останатиот дел од првото полувреме беше доста неизвесно и МЗТ имаше тесна предност од 37:43, вториот дел беше комплетен контраст.

Гостите офанзивно експлодираа во второто полувреме и го искористија фактот што Дујковиќ брзо заработи пет лични грешки, а откако брзо беше исклучен во третиот период, МЗТ направи двоцифрена разлика и потоа истата само ја зголемуваше до крајот на натпреварот за конечни 67:100.

МЗТ испорача „стотка“ на првиот натпревар во новата 2021-ва година во македонската кошарка и стигна до втора победа во низа, што секако е добар предуслов пред згуснатиот распоред кој следи за сите тимови.

Со оглед на добрата тимска игра, дури седум играчи на МЗТ Скопје имаа двоцифрен учинок вечерва на „Кале“, а посебно се истакна Олуџоби со 17 поени и 10 скока, како и Крачиќ кој мечот го заврши со 14 поени. Во поразениот тим, Диксон уфрли 18 поени и беше најефикасен на паркетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни