Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ со седма победа во низа влезе во шампионски ритам во клучниот дел од сезоната

Објавено

на

МЗТ Скопје се разигра во најважен дел од сезоната, па откако обезбеди место во најсилната АБА лига, продолжи да реди победи и во домашното првенство.

„Штрковите“ вечерва стигнаа до седмата победа во низа во Суперлигата, па со доминацијата веќе се осамостоени на врвот на табелата и со нетрпение се чека разигрувањето во кошаркарскиот плејоф.

Со ваква игра, МЗТ во завршницата од сезоната влегува како апсолутен фаворит за титулата во домашното првенство, бидејќи голема разлика прави тоа што тимот од Аеродром има и широка клупа.

Во таква ситуација, тренерот Петровиќ им даде шанса и на играчите кои добиваат помала минутажа, а и со таков распоред на силите, Феникс 2010 немаше што да бара во Аеродром.

МЗТ победи со убедливи 92:68 и на овој начин му ги намали шансите на Феникс за влез меѓу четирите најдобри. Денеска се играа два натпревари и во плејаутот, а таму вториот тим на МЗТ загуби од ФМП со 75:81, додека Ангели го победи Куманово со 72:65.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни