Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ со подобар финиш до победа против Еуро Никел

Објавено

на

Еуро Никел и МЗТ Скопје одиграа натпревар со интересна завршница во рамките на македонското кошаркарско првенство, а во финишот во Кавадарци подобро се снајдоа гостите (69:75).

Домаќините го добија првиот период со 21:17, но следуваше одговор на МЗТ кој на полувреме замина со предност од десет поени.

Паузата имаше позитивно влијание врз домашниот тим, па Еуро Никел со одлична одбрана се избори за рамноправен влез во решавачката четвртина, која започна со резултат 50:49.

Сепак, МЗТ Скопје го засили темпото и набрзина направи солидна предност, а Еуро Никел два пати се приближуваше на минус три, но не успеа да се избори за позитивен резултат во ова дерби.

Дејвис и Ѓекиќ со по 13 поени беа најефикасни во домашниот тим, а победникот беше предводен од Стојановски со 18 и Николов со 13 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни