Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ со победа над Куманово закажа полуфинална пресметка со Академија ФМП

Објавено

на

МЗТ Скопје го отвори својот настап на завршниот турнир од кошаркарскиот куп со сигурна игра и победа над Куманово (100:84).

Фаворитот од почеток ја имаше резултатската контрола, првиот период го доби со 24:13, а веќе на полувреме имаше петнаесет поени позитива.

Куманово успеа да го подигне нивото на својата игра во третиот период, па во последната решавачка четвртина влезе со достижна негатива и резултат 73:67.

На 6:46 минути до крајот МЗТ имаше водство од 79:77, но оттука започна нова серија на фаворитот, па на крајот „аеродромци“ остварија убедлива победа со 100:84.

Стојановски со 20 и Гравет со 16 поени го предводеа МЗТ, додека во редовите на Куманово Ливингстон реализираше 28 поени, а го следеше Марковски со 18 поени.

Со триумфот на МЗТ, комплетирани се и полуфиналните двојки за утрешната програма, па следен противник на избраниците на Дарко Радуловиќ ќе биде Академија ФМП, додека Работнички за противник ќе го има тимот на Еуро Никел.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни