Македонија
МЗТ со фуриозно издание го надигра Пелистер и поведе во финалната серија

Големото финале во македонската кошарка стартуваше денеска во Скопје, каде МЗТ презентираше неверојатно офанзивно темпо, кое едноставно не можеа да го следат гостите од Битола.
Актуелниот шампион влезе како фаворит во финалната пресметка со Пелистер, а на првиот меч го оправда таквиот статус и поведе со 1:0 во завршната серија.
Пелистер имаше сили за надигрување само во првите 10 минути кои завршија со резултат 18:18, но потоа МЗТ направи серија од 13:0 во втората четвртина и тоа беше најава за победничкиот пат на домаќинот.
Предноста од 36:21 беше јасен сигнал дека МЗТ влегува во посакуван ритам, на полувреме се замина со резултат 41:29, па оваа двоцифрена предност се одржуваше во цело второ полувреме.
Не само што го одржуваа, МЗТ успеа да стигне до плус 20 и оствари победа од 84:64, па со ова уверливо издание само потврди дека е фаворит за одбрана на шампионската круна.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…