Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ со една моќна четвртина го сруши Чаир, Работнички врза три победи во низа

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија убедлива победа над Чаир 2030 во дерби средбата од 9. коло во Првата лига.

„Металците“ покажаа зошто се актуелни шампиони и со 91:58 го суредија најпријатното изненадување во досегашниот дел од шампионатот. Домаќинот имаше проблеми да се наметне во првото полувреме и на пауза замина само со пет разлика (32:28), ама веќе по одморот или поточно во третиот период одигра старшно, уфрли 32, а прими само 5 поени по што дојде до резултат 65:33 со што јасно кој ќе го однесе триумфот во „Јане Сандански“.

Танасковиќ со 21 поен беше прв стрелец, по 11 уфрлија Робев и Стојановски. Мустафица, Мофит и Реџа уфрлија по 10 коша за гостите.

Работнички врза три победи во низа, а последниот беше над Кожув од 90:84. Комплетната прва петорка на центарци постигна десет или повеќе поени, а најмногу 21, беа дело на Трајс.

На другите средби Еуро Никел го доби ТФТ со 66:65 и ФМП Академија беше подобра од Гостивар со 92:90.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни