Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ со доста мака го скрши отпорот на Академија ФМП

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија многу тешка победа над Навико Академија ФМП (79:72) во првата средба од 11. коло во Првата лига.

Актуелниот шампион беше апсолутен фаворит и се очекуваше рутинско славје против ривалот од Кисела Вода, меѓутоа гостите пружија силен отпор до самиот крај на средбата во „Јане Сандански“.

МЗТ водеше со 35:26 по првите 20 минути, но по паузата Академија ФМП одигра на високо ниво и во третиот период постигна дури 32 поени со што во четврата четвртина се влезе со резултат 58:58. „Штрковите“ тука се обидуваа да се одлепат, ама противникот одговараше, не се предавеше и во завршните две минути се влезе со 72:72,

Меѓутоа потоа Војдан и Баковиќ уфрлија две тројки што се покажа како доволно за фаворитот да ја заокрижи оваа партија и ја прослави десетта сезонска победа.

Стојановски со 21 и Баковиќ со 15 кошеви беа најефикасни кај победникот, Огундиран на другата страна беше автор на 29 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни