МЗТ славеше на првиот тест со Крајова

hinds

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје славеше на првиот пријателски меч против романскиот прволигаш Крајова кој го води нашиот Александар Тодоров.

Клубот од Аеродром победи со 82-72, а клучна беше серијата од 24-1 во вториот период со која негативата од осум поени (17-25) беше претворена во убедлива позитива (41-26). Омот со 19 поени беше најефикасен, Хиндс реализираше 12, Маслинко даде 11, додека Крстевски заврши со 10 поени.

За утре е закажан вториот тест со истиот противник, меч кој ќе биде од затворен карактер.

Facebook Коментари