МЗТ Скопје жестоко казнет од АБА поради испадите на навивачите

ABA_Liga_2

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје беше санкциониран од АБА лигата поради пропустите во организацијата, односно испадите на навивачите на мечот против Сутјеска кој се одигра на 15 јануари во СЦ „Јане Сандански“.

Дуелот неколкупати беше прекинат поради однесувањето на најверните фанови на аеродромци, а тоа сега дебело ќе го плати МЗТ кој од дисциплинецот Саша Павличиќ – Бекиќ е олеснет за 15.001 евра, плус следниот домашен натпреварот против Хелиос Домжале ќе мора да го одигра пред празни трибини.

Клубот од Аеродром има рок од 21 ден да ја плати оваа казна по што ќе следува камата од 10 евра на ден.

Facebook Коментари