МЗТ Скопје загуби и од фенерџијата Динамик

MZT-Dinamik

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ја продолжи очајната серија во АБА2 лигата и против фенерџијата Динамик, кој го доби натпреварот во Скопје со резултат 82:84.

Српскиот претставник имаше идентична серија од три порази по ред како на МЗТ, но вечерва го доби првиот период со 18:23 , за во продолжение постојано да одржува предност. Во финишот, МЗТ се приближи на минус еден, но Динамик не погреши во своите напади, па славеше со конечни 82:84.

За МЗТ Скопје ова е веќе четврти пораз во серија, но останува на второто место на табелата во АБА2 лигата со 32 бодови или еден повеќе од Сплит и Широки Бријег.

Олуџоби беше најефикасен во редовите на МЗТ со 24 поени, а го следеа Магдевски со 14 и Стојановски со 12 поени. Кај победникот се истакнаа Пашаљиќ со 21 и Смиљаниќ со 16 поени.

Facebook Коментари