Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје во Подгорица ќе брка кам-бек во АБА лигата

Објавено

на

blank

Кошаркарите на МЗТ Скопје пред неколку денови го дознаа патот кој треба да го минат за да стигнат до елитното друштво во АБА лигата за да сега стигне информацијата дека тоа ќе треба да го направат во Подгорица.

Имено црногорската престолнина ќе биде местото каде ќе се одржи петтиот „балон“ во оваа сезона, тимот од каде што доаѓа најдобриот тим од регуларниот дел Студентски Центар. Четвртфиналето ќе започне на 19 април со битките меѓу Борац Бања Лука (3) – Подгорица (6) и Спарс Сараево (2) – Златибор (7), додека пак МЗТ ќе игра на 20 и 22 април против Младост Земун.

Кога е во прашање битката за опстанок, таа нема да се одржи што значи дека Работнички ќе нема обврски во истото, но ќе има можност да игра во АБА2 лигата и наредната кампања под услов да обезбед место преку националниот шампионат или пак добие вајлд карта.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ФИНАЛНИОТ ТУРНИР ВО ПОДГОРИЦА

ЧЕТВРТФИНАЛЕ 1.ДЕН (19.АПРИЛ)

Борац Бања Лука (3) – Подгорица (6)

Спарс Сараево (2) – Златибор (7)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 2.ДЕН (20.АПРИЛ)

Младост Земун (4) – МЗТ Скопје Аеродром (5)

Студентски центар (1) – Слобода Уќица (8)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ-3.ДЕН (21.АПРИЛ)

Подгорица (6) – Борац Бања Лука (3)

Златибор (7) – Спарс Сараево (2)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ-4.ДЕН (22АПРИЛ)

МЗТ Скопје Аеродром (5) – Младост Земун (4)

Слобода Ужице (8) – Студентски центар (1)

ПОЛУФИНАЛЕ – 1.ДЕН (23.АПРИЛ)

Победник 1 – Победник 2

ПОЛУФИНАЛЕ – 2. ДЕН (24.АПРИЛ)

Победник 3 – Победник 4

ПОЛУФИНАЛЕ 3. ДЕН (25.АПРИЛ)

Победник 2 – Победник 1

ПОУФИНАЛЕ – 4. ДЕН (26.АПРИЛ)

Победник 4 – Победник 3

ФИНАЛЕ

4.МАЈ: ПРВ НАТПРЕВАР

6.МАЈ: ВТОР НАТПРЕВАР

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни