Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје убедлив во братската пресметка

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа убедливо над МЗТ Скопје Уни Банка (94-69) во заостанатиот меч од 16. рунда во првата македонска лига.

Избраниците на Радуловиќ победата ја најавија во првата четвртина во која се изборија за двоцифрена позитива (29-17) по што имаат потполна контрола на резултатот, водството во преостанатиот дел од средбата во „Јане Сандански“.

Кај победникот сите играчи добија шанса, најразигран беше Гравет со 19 поени, двоцифрен беше уште Крстевски со 12 кошеви. На спротивната стана блескаше Тодоровски со 23 поени и 7 скокови.

МЗТ Скопје сега има учинок 13-6, вториот состав пак има 6 победи на 21 натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни