Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје со сигурна победа ја отвори плејоф битката со Гостивар

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија сигурна победа над Гостивар од 87:68 во првата средба од четвртфиналето на плејофот во Првата лига.

Избраниците на Атанасов имаа јасна цел на оваа средба, а тоа беше да ја оправдаат фаворитската улога и си ја отворат вратата кон пласман во следната рунда. „Металците“ уште во првите 10 минути се стекнаа со двоцифрена предност (25:10), водство кое продолжи да расте и во наредните две четвртини по што стана јасно дека со триумф ќе ја отворат серијата.

На крајот Танасковиќ со 21 поен беше најпрецизен, Баковиќ имаше дабл-дабл од 14 поени и 13 скока, двоцифрени беа и Робев, Делалиќ и Петков.

Во плејаутот пак Навико Академија ФМП го доби Охрид на негов терен со 93:88.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни