Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје со победа против Пелистер во директниот дуел за првото место

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје го надигра тимот на Пелистер и стигна до важна победа од 84:81 во натпреварот од 22. коло од Првата кошаркарска лига.

Скопјани на домашен паркет се радуваа на победата која ги врати во игра за првото место на табелата, додека битолскиот тим кој играше без најдобриот свој играч, Бојан Трајковски го запиша петтиот сезонски пораз.

МЗТ Скопје подобро го почна натпреварот и го контролираше резултатот во првото полувреме. Во второто Пелистер се разбуди, па двата тима се менуваа во водство, за на крај поладни глави да имаат кошаркарите од Аеродром кои на крај остварија победа.

Крстевски и Тарнер беа најпрецизни во таборот на МЗТ Скопје со по 17 уфрлени поени, додека Кесар и Малешевиќ од Пелситер беа најефикасни на средбата со по 23 постигнати поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни