Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје со победа го заврши настапот во АБА2 лигата

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје го победи Младост Земун (92-86), но истата не донесе продолжување на настапот во АБА2 лигата и борба за пласман во елитната конкуренција.

„Штрковите“ денеска одиграа далеку подобар, поквалитетен натпревар од пред два дена, меѓутоа високата негатива од 20 разлика (95-75) од претходната битка беше преголем залак за избраниците на Дарко Радуловиќ.

МЗТ најдобрите минути ги одигра во вториот период кој го реализираше со 26-12 и со тоа си овозможи предност на полувреме (46-43).

Меѓутоа оваа игра не се повтори во продолжението, нашите претставник се обидуваше, меѓутоа противникот не дозволуваше да се направи нешто повеќе, па на крајот како утеха за „металците“ е триумфот од шест разлика за севкупни во четвртфиналниот двомеч 181-167.

Гравет и Карачиќ дадоа по 21 поен, Олуџоби додаде 17 со 8 скока.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни