Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје со чисти 3:0 во финалната серија против Еуро Никел до осмата титула во домашниот шампионат

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје се закитија со осмата титула во домашното првенство откако славеа и во третиот натпревар во финалната серија против Еуро Никел.

Избраниците на Дарко Радуловиќ последниот натпревар одигран во „Јане Сандански“ го добија со 89:78 и со тоа заслужено стигнаа до „чисти“ 3:0 во серијата и сосема заслужено освојување на титулата.

Предводник на аеродромци беше репрезентативецот Андреј Магдевски кој беше расположен за игра и уфрли 21 поен, додека во победничкиот табор Бојан Крстевски запиша 16 поени. Рикиќ и Караколев беа најефикасни меѓу кавадарчани исто така со 16 уфрлени поени.

Клубот од Аеродром доминираше на домашната сцена оваа година освојувајќи ја двојната круна откако претходно стигна и до трофејот во Купот на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни