МЗТ Скопје продолжи да тоне: И Игокеа го освои „Јане Сандански“

mavra

Продолжува агонијата на кошаркарите на МЗТ Скопје кои вечерва во својот дом во СЦ „Јане Сандански“ го претрпеа 13 пораз во 15 средба во АБА лигата и тоа од Игокеа со 77-68.

Избраниците на Лукајиќ со последниот период влегоа со негатива од само еден поен (53-52), но наместо да притиснат и бодрени од популарните „Фемили“ да направат пресврт и дојдат до победа, тие потклекнаа пред ривалот дозволувајќи му да даде најмногу поени во овој дел (24-16) со што го потпишаа својот пораз.

Стојановски даде 14 поени, Мавра, Трајковски и Лалиќ уфрлија по 12 кошеви. Гостите пак ги предводеше поранешниот плејмејкер на „металците“ Љубичиќ со 21 поен.

На 13 јануари македонскиот првак и гостува на Цибона.

Facebook Коментари