Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје покажа моќ против Пелистер и дојде на чекор до нова титула

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје демонстрираа моќ на денешниот трет натпревар од финалната серија против Пелистер совладувајќи го со убедливи 87:62.

„Металците“ пред својата публика ги решија дилемите за победникот уште во првото полувреме кое го добија со недостижни 54:27.

Немања МИлошевиќ со 23 поени беше најдобар кај МЗТ Скопје, додека пак Војдан Стојаноски и Хуан Дејвис постигнаа по 15 кошеви. Кај Биточани КЕсар и Хогтон завршија со 15 поени.

МЗТ со оваа победа дојде на чекор до нова титула, а првата меч топка ќе ја има веќе во петок на жешкиот терен во Битола.

Дамка на дербито ставија „Чкембарите“ кои влегоа во клинч со полицијата во третата четвртина, па натпреварот беше во прекин 10 минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни