Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје подобар од Горица, обезбеден пласманот во плеј-офот на АБА 2

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа важна победа на денешниот натпревар против Горица одигран во Златибор.

Аеродромци во тесен и неизвесен натпревар победија со 77:73 во натпревар кој влезе во „пенал завршница“ и во кој подобро се снајдоа кошаркарите предводени од  Дарко Радуловиќ.

МЗТ во текот на целиот натпревар ја имаше предноста на своја страна, но во ниту еден момент таа не беше значително поголема, освен по првата четвртина која скопскиот тим ја доби со десет поени позитива.

Адем Мекиќ беше најефикасен во таборот на МЗТ Скопје со 16 постигнати поени, два помалку постигна Бојан Крстевски кој ги постигна и клучните пет поени во завршницата од натпреварот со кои „штрковите“ се одлепија на солидна предност. 13 поени додаде Тарнер, а на десет застана Дамјан Стојановски.

Тренерот Радуловиќ по натпреварот истакна дека е задоволен од изданието на неговите играчи посебно ако се земе предвид дека на овој натпревар тимот истрча со скратен состави ограничена ротација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни