МЗТ Скопје под водство на Кочов ја покажува силата: Падна и Гостивар со голема разлика

MZT Gostivar

Бранителот на титулата во македонското првенство, полека но сигурно се буди од лошиот сон во АБА лигата и ја покажува својата големина во македонскиот шампионат. ,,Металците” овој пат под палката на тренерот Кочов покажаа дека ја темпираат својата форма кога е најпотребно.

По победата против Блокотехна, тие без никакви проблеми успеаа да да го победат Гостивар со резултат од 95:74 за трета победа во низа во Суперлигата, а втора под палката на новиот тренер Ѓорѓи Кочов. Тимот на МЗТ Скопје го активираше своето најсилно оружје, шутот од линијата за три поени и успеа да реализира дури 13 тројки со што беше доволно да го неутрализираат противникот.

Најефикасен во редовите на ,,металците” беше Американецот Џордон Крафорд кој убаци 24 поени, и имаше помош и од Марко Симоновски кој додаде 18 поени. Добра игра пружи и последното засилување за МЗТ, Андрија Бојиќ, кој додаде 16 поени зачинети со 11 скокови.

Facebook Коментари