МЗТ Скопје по голема драма го скрши Нови Пазар

krstevski

Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаа да дојдат до уште една победа во АБА2 лигата и тоа во битката со Нови Пазар во СЦ „Јане Сандански“.

„Штрковите“ по една голема драма, неверојатно драматичен финиш обезбедија триумф од 89-87 со двете слободни фрлања на Ерон Харис во последните мигови од средбата. Ова беше дуел кој едноставно беше изедначен, двете екипи имаа своите моменти, решаваа нијанси, среќа кои овојпат беа на страната на македонскиот првак кој сега пред своите гледачи има „шест од шест“ односно севкупно учинок од 8-2 по првите 10 кола во регионалното натпреварување.

Јунакот Харис со 18 кошеви беше прв стрелец, центарот Крстевски имаше 16, додека Хиндс и Маслинко завршија со 14 поени.

На спротивната страна Тодоровиќ реализираше дабл-дабл од 23 поени и 11 скокови.

Facebook Коментари