МЗТ Скопје немилосрден кон Фени во „Јасмин“

todorov

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје лесно го реши Фени Индустри на негов терен во Кавадарци во последниот меч од седмото коло во најсилниот домашен кошаркарски шампионат.

Четата на Малинков ја доби само првата четвртина со 14-12, по што следуваше доминација на шампионот кој на крајот забележа убедлива победа од 82-56. Ова за „металците“ беше петти сезонски триумф во кој листата на стрелци ја предводеше центарот Лалиќ со 20 поени и 6 скокови, Спасојевиќ уфрли 16, а Сомоновски реализираше 15 поени.

Капитенот Петровски за Фени постигна 19 поени.

Facebook Коментари