Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје немаше проблеми со Црн Дрим

Објавено

на

МЗТ Скопје досега одигра само четири натпревари во домашното првенство, а денеска ја забележа втората победа.

Противник на „аеродромци“ им беше Црн Дрим Грин Мобиле, а домаќините славеа со убедливи 104:67, не оставајќи му на противникот простор да се понадева на некое големо изненадување.

Се беше јасно уште по првиот период кој заврши со резултат 33:14, а на полувреме МЗТ веќе го имаше нокаутирано противникот, со водство од 67:31.

До крајот, МЗТ рутински ги впиша бодовите на своето конто, на кое досега има две победи и два пораза.

Гравет со 26 и Магдевски со 20 поени биле најефикасни во редовите на победничкиот тим, додека кај гостите од Струга, Каухерд го завршил дуелот со 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни