МЗТ Скопје нема да испадне од јадранското друштво, останува дел од АБА приказната !?

Balls-ABA

МЗТ Скопје, македонскиот шампион, кој е дел од АБА натпреварувањето и кој се наоѓа на последното место во оваа лига, по се изгледа ќе се спаси и нема да испадне од јадранската лига. Ова доаѓа по последните неофицијални разговори кои се воделе во врска со иднината на АБА лигата.

Ова го најави Крешимир Новосел, директор на АБА лигата во гостувањето на телевизијата „Спорт Арена“. Тој прецизираше дека секоја одлука ја носат клубовите и тоа треба да се почитува.

– Сопственици на ова натпреварување се клубовите. Тие ги носат одлуките. Ќе имаме Собрание на лигата и ќе разговараме што е добро, што е минус или плус, за системот на натпреварување, ќе разговараме и за целокупната иднина на ова натпреварување. Според пропозициите еден тим мора да испадне, но неофицијално се разговара да се замрзне статусот за една сезона на 12 клубови, но тоа не е службено разговарано, само се размислувања, – дециден е Новосел.

Facebook Коментари