МЗТ Скопје најде решение за упорниот Фени

MZT-Rabotnicki

По последниот настап сезонава во АБА лигата, МЗТ Скопје денеска имаше обврски во домашното првенство, а таму го совлада Фени Индустри со 82:75.

Домашниот тим беше резултатски подобар во првиот и последниот период, но и тоа беше доволно за 13. победа и 3. место на табелата во Првата кошаркарска лига. Клучната разлика МЗТ ја направи во последната четвртина и тоа беше доволно за да ги осигура бодовите.

Стојановски со 19 и Лалиќ со 17 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека во редовите на Фени, Вокер реализирал 23 поени.

Facebook Коментари