Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје ја продолжи соработката со Маслинко, а договори и две нови имиња

Објавено

на

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје си подаде рака за обновување на соработката со Андреј Маслинко.

Репрезентативецот на Македонија се одлучи да каже „ДА“ за понудата од Аеродром што значи центарот четврта сезона во низа ќе биде дел од таборот на „металците“.

Воедно МЗТ информираше дека договориле уште две нови имиња, засилувања во играчкиот кадар и стручниот штаб. Имено Филип Бакоч (24 год, 206 см) кој во минатава сезона беше дел од Еуроникел потпиша едногодишен договор со „штрковите“.

Дарко Радуловиќ од Вардар пак ќе биде засилување за стручниот штаб, поточно ќе ја има улогата на помошник на првиот стратег Ѓорѓи Кочов. Радуловиќ добро го познава МЗТ затоа што во минатото го носеше дресот на оваа екипа.

Со ова скопскиот состав продолжи да се екипира за следната сезона, додека договорите исто ги обновија капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Кочов, а под обврска од минатата сезона се и плејмејкерот Андреј Магдевски и центарот Бојан Крстевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни