Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје и Пелистер ќе ја наполнат касата на федерацијата

Објавено

на

Домашниот кошаркарски шампионат заврши со трумф на МЗТ Скопје кој во финаланата серија беше подобар од Пелистер со 3-1.

Овие четири натпревари донесоа нервоза, тензија како на трибините така и на теренот, па кошаркарската федерерација на Македонија денеска ги објави казните кои клубовите ќе мораат да ги платат за потезите на играчите, тренерите и навивачите.

Најдебело е санкциониран Пелистер кој поради различни основи (неспортско навивање, лоша организација…)ќе мора да плати 146.000 денари. МЗТ Скопје пак ќе издвои 30.400 денари поради фрлање на тврди предмети и технички грешки со тоа што новиот првак ќе мора да плати во касата на КФМ уште 44.400 денари за случувањата во полуфиналната серија против ТФТ.

Клубот од Тафталиџе е санкциониран со 59.200 денари, додека најлесно помина Еуро Никел со казна од 16.000 денари и тоа само поради технички грешки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни