Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје и Пелистер ќе играат пет турнири во АБА2 лигата, силите ќе ги одмерат во Осијек

Објавено

на

МЗТ Скопје и Пелистер екипите кои ќе ја претставуваат Македонија во АБА2 лигата во натпреварувачката 2021/2022, сезона во која ќе учествуваат вкупно 14 клубови кои во регуларниот дел ќе играат на пет турнири.

Имено објавен е распоредот за регуларниот дел во кој ќе се одиграа 13 кола кои ќе одиграат на пет различни места. Првиот турнир ќе биде во Златибор од 10 до 14 октомври, период во кој сите екипи ќе одиграа по два натпревари.

Македонскиот шампион МЗТ ќе се соочи со Младост и Рогашка, додека Пелистер ќе оди на мегдан со Ловќен и Сутјеска.

Македонското дерби е закажано за 3. коло што значи истото ќе се игра во Осијек. Имено на ова место ќе се одиграа две рунди и тоа од 8 до 11 номеври.

Освен Златибор и Осијек домаќини на турнири се уште Сараево, Бања Лука и Широки Бријег.

Пласман во плејофот ќе обезбедат најдобрите осум клубови.

Овде можете да го погледнете целосниот распоред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни