МЗТ Скопје го регистрираше деветтиот играч: Шампионот се засили со еден од највисоките Македонци

volkanovski-mzt

Ѓорги Кочов го закажа стартот на подготовките за новата сезона на 15-ти август, а на три дена пред првиот собир кој ќе го има македонскиот кошарарски шампион, клубот потврди уште едно засилување за новата сезона.

МЗТ го регистрираше и деветтиот играч во ростерот за новата кампања, а во случајот станува збор за поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Иван Волкановски.

– Поранешниот македонски младински репрезентативец, Иван Волкановски (20 год, 209 см) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша тригодишен договор со нашиот клуб. Ова е своевиден влог во иднината, со оглед што станува збор за талентиран центар кој воедно е и еден од највисоките македонски кошаркари во моментов. Тој доаѓа од таборот на АВ Охрид каде што ја доигра минатата сезона, а има настапувано и за тимот на Вардар. Волкановски е деветиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, за кој во новата сезона ќе играат уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ранко Мамузиќ и кенискиот интернационалец Нуни Омот, – гласи објавата на МЗТ.

Facebook Коментари